Општи податоци
Трајна заштита
Туризам
Рекреација
Вредности
регистрација
Вашето корисничко име и лозинка за најава на ЛОГИН еmail листата
корисничко
име
лозинка


ВЕСТИ


На 26 август Холивудска продуцентска компанија, Infinity pictures and HMB (Hollywood Media Bridge) ќе снима краток промотивен филм за ЈАСЕН
22-08-2014
 

На 26 август Холивудска продуцентска компанија, Infinity pictures and HMB (Hollywood Media Bridge) ќе снима краток промотивен филм за ЈАСЕН

 

Согласно програмските активности на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во однос на активностите за промовирање на Македонија како атрактивна туристичка дестинација започна и соработката со Холивудскaта продуцентска компанија, Infinity pictures and HMB (Hollywood Media Bridge).

 

АППТ од 24-ти до 10-ти септември ќе организира инфо тура за Percy von Lipinski- репортер, новинар, продуцент, Phil Goldfine – филмски продуцент, Timothy Marlowe – филмски продуцент, Rob Haber- снимател/камерман и Jacqueline Vinzelberg- новинар преку која ќе се запознаат со природните и културните убавини на нашата земја. Со нескриено  воодушевување од богатствата која ги има нашата земја Percy von Lipinski заедно со својот тим на сортаботници ќе снимаат петнаесет кратки промотивни филмови за Македонија кои ќе се емитуваат на пет странски јазици на you tube канал, ќе бидат промовирани на социјалните мрежи ширум светот и на познати светски медиуми.

 

Снимањето на кратките промотивни филмови за Македонија ќе започне во Скопје, Старата скопска чаршија, археолошките локалитети во околината на Скопје и претставување на македонскиот рубин и филигранството. Следува приказната за природните убавини на кањон Матка и пештерата Врело. Ќе продолжат за Маврово, Галичник, Јанче, Лазареполе, и манастирите  Св Јован Бигорски и Рајчица. Ќе се снимаат пештерните цркви во Струга, неизбежна е приказната за Охрид, Галичица, св Наум и охридскиот бисер. Ќе се посетат Крушево, Прилеп, манастирот Трескавец, а Дојранското езеро и ловењето риба со корморани е уште една приказна на која не можат да останат рамнодушни. Посета на винскиот регион во Македонија и винската приказна на тиквешијата. Завршуваат со посета на Берово и снимањето на Куклици и Кокино.

 

Percy von Lipinski е поранешен дипломат, наградуван новинар на CNN познат како “CNN Travel Guru”, а во последниве години работи за Universal Studios во Холивуд како “ловец на атрактивни локации” за промовирање и развивање на филмски туризам. Percy von Lipinski ги споделува своите ексклузивни сознанија кои доаѓаат од неговиот уникатен пристап и работно искуство на повеќе од 200 инфо тури низ светот.  

 

Rob Haber е камерман/снимател за некои од најголемите филмови во Холивуд, вклучувајќи ги:  Badge of Honour, War of the Worlds, Raid on Entebbe, The English Patient.

 

 

Во последниве неколку години Rob Haber работи заедно со Percy von Lipinski за CNNi каде што им е доделена највисоката награда за "оригинално известување". Rob Haber работи за Universal Studios во Холивуд за да им помогне во лоцирањето на нови возбудливи локации за претстојните филмови за некои од најголемите имиња во Холивуд.

 

Phillip Goldfine e филмски продуцент, добитник на Оскар познат по филмовите: Disturbing BehaviourHalf Past DeadThe Dentist, The Patriot,The Keeper, The Traveller, The Outsider, Legend, Badge of Honor. Основач е на продуцентската компанија HMB (Hollywood Media Bridge) која соработува со Холивудските студија: Warner Bros. MGM, Paramount, Universal Studios, Sony Pictures, Twentieth Century Fox, Lions Gate Entertainment, Anchor Bay/Starz, Image Entertainment. Имаат и успешна соработка со телевизиски канали, Fox Channel, Reelz Channel, SyFy, USA, Lifetime, Netflix.

 

Timothy Marlowe е добитник на престижната награда Оскар и работи во филмскиот бизнис од 11 години. Во 2003 година бил водечки вокал на групата TWOmarlowe, нивните видеа имаат над 10 милиони преземања за 8 месеци, кои редовно се прикажуваат на MUCH Music и MTV. Timothy Marlowe е извршен продуцент на филмовите: Legend, Badge of Honor, The Lady in number 6, The Cycle, Giganthropithicus. 

 

Огранизациски и логистички снимањето на кратки промотивни филмови за Македонија е поддржанo од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, која детално ги разработи сите сегменти и ги оствари сите контакти потребни за професионално и успешно реализирање на овој проект.

 

назад
вести
Информација за движење на патниот правец низ ЈАСЕН од 01 Октомври 2016
 
риболовни дозволи
 
Информации за движење на патниот правец низ ЈАСЕН од 01 април 2016
 
Македонски Куп во далечинско пливање 2014 Конечен пласман
 
На 26 август Холивудска продуцентска компанија, Infinity pictures and HMB (Hollywood Media Bridge) ќе снима краток промотивен филм за ЈАСЕН
 
Прва кланица за дивеч
 
Автокамп
 
„Часот на планетата Земја“ ЈАСЕН
 
Дневни дозволи за акумулацијата „Козјак“за рекреативни риболовци од Охрид и Струга
 
Лице за комуникација со граѓани со одреден вид и степен на попреченост
 
Меморандум за соработка помеѓу ловните федерации од регионот
 
Јасен 25.10.2005
 
Тимот на ЈАСЕН гостин на 115 години лов и риболов во Бугарија
 
ЈП ЈАСЕН е дел од мрежата на заштитени подрачја "Паркови Динариди".
 
Јасен можете да го посетите само организирано, бидејќи неговата огромна површина не Ви дава можност да безбедно се движите без придружник.
 
ПОРАКА ОД СКОПЈЕ
 
МВР ги откри лицата кои минатиот викенд недозволено ловеле во внатрешноста на Јасен
 
The Republic of Macedonia became State Member of the CIC
 
Macedonia’s unusual nature getaway
 
Welcome to the Western Balkans—Land of Discovery. Turbulent histories, fascinating cultures and spectacular, unspoiled landscapes merge together in one of the most exciting and diverse regions in Europe.
 
March 20, 2011
 
Петок, 11 јануари во ЈАСЕН, ловечка куќа - КАТЛАНОВО, ќе се одржи прослава и доделување на Благодарници за директните учесници при гаснењето на пожарите во ЈАСЕН, 2012 год.
 
4 октомври - Светски ден за заштита на животните
 
ЈАСЕН на NATIONAL GEOGRAPHIC
 
На 15ти февруари 2012 година, Македонското еколошко друштво и ЈПУЗПП Јасен, официјално го потпишаа зедничкиот Меморандум за соработка. Целта на оваа иницијатива, беше продлабочување на меѓусебната соработка и спроведување идни заеднички активности кои се
 
ЈПУЗПП ЈАСЕН, не може ниту да дозволи, нуту да Ви забрани користење патен правец - K 1 - P - 104 врска со P – 104, правецот кој ги поврзува градот Скопје со Македонски Брод, бидејќи е ненадлежен
 
Споменик крај локалниот пат, посветен на шпански војник од редовите на КФОР кој на тоа место го загуби животот во сообраќајна несреќа на 30 април 2002. По тој повод вработените во ЈАСЕН секоја година на овој ден се собираат да му одадат почит.
 
Светот дознава за Јасен
 
Репортаза за ЈАСЕН на BBC Travel
 
ЈАСЕН и оваа година е покровител на Илинденскиот кајак-слалом (ИКАС), кој викендов на патеката на реката Треска, на Матка, ќе се одржи по 44. пат, ќе настапат 80 кајакари од седум земји, Словенија, Русија, Хрватска, Србија, БиХ, Казахстан и Македонија.
 
Доајенот и ненадминатиот мајстор на фотографијата во Македонија, Благој Дрнков почина вчера на 98 годишна возраст во родниот град Скопје. Многу негови фотографии од ЈАСЕН ги красат нашите канцеларии.
 
Весна Змијанац, СОКОЛЕ, спот снимен и во делот на РУДИНЕ, ЈАСЕН
 
Новогодишна фотосесија на ВЕСТ со Маја Сашек на Рудине
 
Фотографии од експедицијата СЛОВАЧКА ЈАМА ЈАСЕН август 2011
 
The Republic of Macedonia became State Member of the CIC
 
Резерватот Јасен е предложен за регионален центар за Централна и Југоисточна Европа за заштита на див свет.