Актуелно
Како директор на ЈПУЗПП „ Јасен “ -Скопје, со гордост објавувам дека Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 21.01.2025 година, донесе одлука за доделување недвижен имот на јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ Јасен “ - Скопје.
Со оваа одлука, ЈПУЗПП „ Јасен “- Скопје добива на трајно користење, простор во државна сопственост, со што се создаваат подобри услови за нашето понатамошно работење и развој. „ Јасен “е претпријатие со долга традиција и богато природно наследство. Тој претставува дом на разновидна флора и фауна, вклучувајќи и ретки видови како балканскиот рис, дивата коза и стада елени. Покрај своето значење како природно богатство, „ Јасен “ е препознатлив и на меѓународно ниво, особено по ловниот туризам. Конечно, по повеќедецениско постоење, благодарение на Владата на Република Македонија, добивме свој дом.
Изразуваме голема благодарност до Владата и премиерот на Република Македонија за нивната поддршка. Посебна благодарност, од мое лично име и од името на сите вработени во ЈПУЗПП „ Јасен “ - Скопје, упатуваме до вицепремиерот на Владата, господинот Љупчо Димовски, кој со својот ангажман помогна да се реши еден од најгорливите проблеми на „ Јасен“