За ЈП Јасен

Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје спаѓа во категоријата на посебни природни предели, формирани заради заштита на определени биоценолошки, флористички, фаунистички, геолошки и хидролошки природни реткости. Во "Јасен" не се преземаат дејствија што би можеле да ја нарушат природната рамнотежа во екосистемите, односно да ги изменат основните автентични карактеристики на еволуциониот развој во целина. Со стандардни и посебни биотехнички мерки се настојува да се обезбедат реални претпоставки за трајна заштита на работи од областа на екологијата, а посебно од областа на шумарството и ловството. "Јасен" во неговиот простор, заради разновидноста на геморфолошките појави, и автентичноста на фауната и на флората е од исклучително значење за Република Македонија. бидејќи претставува свет од поширокиот простор на Европа.

Површина

Површината на "Јасен" изнесува 31.127 хектари, иако како правен субјект е единствен, тој во територијална смисла и распространетост, може да го поделиме на неколку дела:
КУЛА - викан според местото, со територија од над 18.000 ха
ИВАЊЕ (во чиј склоп влегува КАЊОНОТ МАТКА) - со површина од над 6.000 ха
КАТЛАНОВО (во чиј склоп влегува Катлановско Блато) - со над 7.000 ха
Акумулацијата КОЗЈАК со површина 1.200 ха
Акумулацијата МАТКА со површина 22 ха
Акумулација СВЕТА ПЕТКА со површина од 14 ха

Основање

Врз основа на чл. 64 став 2 од Законот за шумите, извршниот совет на СРМ со Решени бр 26/26 II 1958 година, шумските предели во сливот на река Оча ги прогласи за шумски резерват Јасен. Со второто решение (бр. 09-1434/1 од 10. VI. 1960 год.), објавено во сл. весник на НРМ бр.20 од 24. VI. 1960 год. со одлука на Владата на РМ, објавена во службен весник на РМ бр.90 од 25.10.2005 год. шумскиот Резерват "Јасен" е трансформиран во: Јавно Претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" (ЈПУЗПП "Јасен"). ЈП Јасен е основан како управен орган за ПНЗП Јасен со Одлука на Владата од 13 октомври 2005 година, со која се дефинира мандатот, улогата, надлежностите и функционирањето на ЈП Јасен. Како таков, ЈП Јасен подлежи на македонскиот закон што се однесува на однесувањето и управувањето на јавните претпријатија. Директорот се избира преку јавно објавен конкурс. Управниот одбор на Јасен го избира најдобриот кандидат.

Сектори

ЈП Јасен – Скопје е управувачки орган за ПНЗП Јасен. ЈПУЗПП Јасен – Скопје има управен одбор, Одбор за контрола на финансиското работење и Директор, чии одговорности се дефинирани во Статутот на ЈПУЗПП Јасен – Скопје бр. 01-01/1 од 05.06.2006. Интегралната организација на компанијата се состои од сектори и одделенија чија организација и опсег на работа и деловни процеси се дефинирани со внатрешни нормативни акти (правилници, одлуки, ценовници итн.). ЈП Јасен е основан како управен орган за ПНЗП Јасен со Одлука на Владата од 13 октомври 2005 година, со која се дефинира мандатот, улогата, надлежностите и функционирањето на ЈП Јасен. Како таков, ЈП Јасен подлежи на македонскиот закон што се однесува на однесувањето и управувањето на јавните претпријатија. Директорот се избира преку јавно објавен конкурс. Управниот одбор на Јасен го избира најдобриот кандидат. Управниот одбор има најмалку пет (5) членови назначени од Владата, со мандат од 4 години Комитетот има најмалку пет (5) членови назначени од Владата, со мандат од 4 години
Сектор за правни, административни работи, информациска подршка, економско-финасиски,
книговоствени работи и надзор над наменското користење на доделените средства, Одделение за јавни набавки
Сектор за одгледување, заштита и искористување на шумите, организирање на лов и ловен туризам
Сектор за механизација со транспорт, проектирање на патишта и обебедување
Сектор за одгледување, производство на пердувест, крупен и ситен дивеч, со кафезно одгледување на риба
Сектор за проекти, услуги и маркетинг продажба
Сектор за производство на храна, откуп на шумски плодови и органско производство